Бизнис
5. April 2017 - 19:36

Од Македонија ќе се лета директно до Будимпешта

Нова авиолинија од Скопје до Будимпешта. Авиокомпанијата Визер ќе сообраќа два пати неделно и тоа среда и недела. Со воведувањето на новата дестинација се очекува дополнително да се зголеми бројот на  патници и да се подобри бизнис размената меѓу двете земји.   Целта е во иднина , само од скопскиот аеродром, да се превезат околу 2 милиони патници.

– Воведувањето на оваа линија меѓу Скопје и Будимпешта од страна на „Виз ер“ денеска е важен чекор напред за македонското воздухопловство, бидејќи со ова се исполнува побарувачката на пазарот што остана отворена во изминативе пет години, односно од февруари 2012 година. – изјави генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Алпер Ерсој.

Ниско тарифните линии несомнено го размрдаа авио сообраќајот. Поддршката од државата ги дава позитивните ефекти. Се работи на воведување на што е можно повеќе дестинации.

-Постојано се зголемува бројот на патници, постојано имаме нови дестинации. Но, исто така е многу важно што Визер го зголемува бројот на дестинации но не бара дополнителна финансиска поддршка од Владата односно од Министерството за транспорт. Мора продолжиме и да ги опфатиме сите главни градови во Европа и други дестинации, истакна министерот за транспорт Мисајловски.

Првите два месеци ТАВ Македонија ги заврши со 9 процентен раст на бројот на патници. Во периодот, превезени се речиси 240 000 лица.

Со новата авиолинија до Будимпешта, од Македонија може да се лета до вкупно 37 дестинации. Ова е рекордна бројка. Од јули стартуваат и летовите до Малта, Рим Ваксјо и Катар.