Свет
12. April 2020 - 8:35

Од Лондон помош од 200 милиони фунти на погодени држави за да се избегне втор бран на ширење на Ковид-19

Велика Британија вети дека ќе и даде 200 милиони фунти на Светската здравствена организација, Црвениот крст и другите организации за да помогне во забавување на ширењето на коронавирусот во тешко погодените држави и да помогне во спречувањето на втор бран заразени.

„Бидејќи нашите брилијантни лекари и медицински сестри се борат против коронавирусот дома, ние нудиме британско искуство и финансирање низ целиот свет за да спречиме втор смртоносен бран да стигне до Обединетото Кралство“, нагласи министерката за меѓународен развој Ен Мари Тревелјан во коминике.

„Коронавирусот не признава граници, така што можеме да го заштитиме британското општество само доколку ги поддржиме здравствените системи на погодените земји во развој“, додаде таа.