Македонија
15. August 2024 - 9:32

Од куќен притвор избега Блерим Рамадани, припадник на поранешната ОВК

Поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани вчера избегал од куќен притвор од домот на роднини во Македонија пишува СДК.МК.

Обвинителството се жалело на одлуката на судот тој да биде пуштен во домашен притвор од причина што постои опасност да избега. Жалбата била прифатена од тројца судии од кривичниот суд кој му одредиле на Рамадани ефективен притвор од 30 дена. Но некој од Кривичниот суд му дојавил на Рамадани дека ќе се враќа во Шутка, па тој истиот момент го искористил за да избега од Македонија.

Рамадани беше уапсен на 17 јули 2024 на граничниот премин Јажинце, по потерница од Србија поради сомнежи за злосторства во војната на Косово пред 25 години, и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка.