Од куќа во Битола украдени две пушки, пари и златен накит

Непознат сторител синоќа извршил тешка кражба во куќа на ул.„Зборска“ во Битола, сопственост на Ј.Р. (52), во Битола при што се укаредени две пушки, пари и златен накит.
Како што соопшти МВР, кражбата била извршена во периодот од 20:05 до 21:10 часот.
- Сторителот со употреба на подесен алат влегол во куќата и одзел една пушка ИЖ 27 „Бајкал “, една пушка „Бровинг, Максус“ и една метална каса во која имало околу 2.000 евра во разни апоени, околу 4.000 канадски долари, околу 700-1.000 американски долари, околу 130.000 денари во разни апоени и поголема количина златен накит, по што побегнал во непознат правец. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 700.000 денари, наведуваат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
