Од Ковид-19 починаа двајца пациенти од Штип
Битката со коронавирусот на штипското Инфективно одделение ја изгубија двајца пациенти на возраст од 52 и 56 години од виничкото село Истибања и Штип.
Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека и денеска во ковид – центарот имаат само два слободни кревети. Капацитетот е исполнет на Инфективното, а тие пациенти кои се во подобара здравствена состојба се префлаат на Кожното одделение, со цел да се ослободат кревети за пациентите, кои се во тешка здравствена состојба. Триесет и четири пациенти се на постојана кислородна поддршка, а во овој центар се лекуваат 66.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и додаде дека во ковид – центарот се хоспитализирани и помлади пациенти.
Ново на Сител
-
Таткото на 15-годишникот што управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје добил кривична
-
Украинските хакери го нападнаа рускиот мобилен оператор „МегаФон“
-
Украинската армија собори 46 руски дронови и две ракети
-
Се запали автобус на ЈСП во Сопиште
-
МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економскиот раст
-
Хамас ослободи четири припаднички на израелската армија
-
Ниту еден од кандидатите за претседател на Грција не го доби потребното двотретинско мнозинство во Парламентот
-
Почина Дражен Далипагиќ