„Од класика до евергрин“ – концерт на „Скопски солисти“

Камерниот оркестар „Скопски солисти“ вечер од 20.30 часот во Националната опера и балет ќе одржи концерт „Од класика до евергрин“, во организација на Дирекцијата за култура и уметност-Скопје и во рамки на „Скопско лето“. Диригент е Иван Еминовиќ, а солисти Наде Талевска-Спасовска – сопран и Горан Наумовски – естраден уметник.
Ансамблот „Скопски солисти“ е формиран во 2000 година од обоистот Васил Атанасов, кој е и негов уметнички раководител. Членови се афирмирани македонски уметници, како и млади, талентирани музичари. Ансамблот презентира камерна музика – од барок до современа, почитувајќи го и македонското музичко творештво.
Од 2011 година „Скопски солисти“ имаат објавено три цедиња од нивните изведби во живо. Имаат настапувано на фестивали во земјава и во странство, а ансамблот традиционално одржуваше и Божиќен концерт.
Ново на Сител
-

Романо: Мурињо и Реал се договорија
-

Парада на гордоста под слоганот „Сите нека знаат“ на 20 јуни во Скопје
-

ПОЦ воспоставува нов систем на паркирање во Центар
-

Криптовалутите под притисок: Биткоинот и алткоините губат од вредноста
-

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“
-

Повеќе од 4.500 учесници од Македонија и од странство дел од овогодинешниот „Прв до врв“
-

Претседателката Сиљановска-Давкова во Љубљана пречекана со највисоки државни почести од колешката Пирц Мусар
-

Трамп ги повлече САД од 66 меѓународни тела и организации
