Од кафеана во Неготино-Полошко приведени 19 женски лица и сопственикот
Полицијата од кафеана во Неготино-Полошко приведе и задржа 19 женски лица, кои биле ангажирани за да ги забавуваат гостите.
Од СВР Тетово информираат дека полициски службеници од Полициско одделение Галате, утрово од 1 до 3 часот, спровеле акциска контрола во угостителскиот објект „Алпа Маре“, сопственост Ф.Т (50) од Неготино-Полошко.
– При контролата, во објектот биле затекнати 19 женски лица, на возраст од 21 до 37 години, кои како пеајчки и танчерки ги забавувале гостите.Tие се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување на случајот, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
Покрај нив, лишени од слобода се и сопственикот на објектот, М.С. (36) и Х.А.(32) од Неготино-Полошко, кои ги попречувале полициските службеници во спроведувањето на акциската контрола.
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат