Балкан
4. March 2016 - 12:17

Од кафана во смрт- славел за новото БМВ па излетал од патот

Страшна несреќа се случила синоќа во Србија кога Зоран В. и неговата девојка славеле за купувањето нов автомобил. Како што пишува денеска српскиот Курир, несреќата се случила кога 30-годишниот возач кој во автомобилот бил со 19-годишната девојка, загубил контрола и со своето ново БМВ излетал од пат.
 
Најверојатно причина за несреќата е преголема брзина. Двајца нивни пријатели со кои ја купувал колата се возеле позади нив со автомобил, па веднаш притрчале да помогнат и викнале полиција и Брза помош.
 
За жал, Зоран загинал, додека девојката е тешко повредена и лекарите се борат за нејзиниот живот.