Loading Video...
Бизнис
23. May 2022 - 16:33

Од јуни нов раст на цените, нема да има нови мерки

Нема продолжување на владините мерки замрзнување на маржата и ослободување од ДДВ то на основните прехранбени производи, дознава Сител. Од наредната недела, кога завршува важноста на мерките, се очекува и нивно поскапување. За да се ублажи шокот од драстистчното зголемување на цените кај лебот, брашното и  маслото за јадење, Владата целосно го укина ДДВ од 5%., а на трговците им ја ограничи маржата на 5, односно  на 10%. Сега, извори за Сител, велат дека пари ќе се чуваат за евентуални мерки од септември , за кога се очекува зголемување на  цената на струјата и евентулано обезбедување енергенси и основни прехранбени суровини.   Владата, со ребалансот на буџетот, за нов пакет помош за граѓаните и стопанството издвои  76 милиони евра.  

Експертите неколку пати алармираа- вештачко држење на  замрзнати цени, не е добра мерка., затоа што суровните  поскапуваат на светскиот пазар, па после  одмзранувањето на цените ќе дојде до драстично поскапувањее на производите и кај нас. Владата сетот мерки го донесе од март до крајот на  мај. Но, цените продолжија да растат и покрај ограничувањата. Според статистиката, во април прозиводите на мало поскапеле за над 11%., а инфлицата достигна 10,5%.