Живот
18. August 2015 - 11:30

Од друг агол - Како се распадна Југославија?!

Има многу приказни и анализи за распадот на Југославија - што стручни, исто толку и нестручни.
 
Адемир Гогиќ, гледајќи од свој агол, направил одличен краткометражен филм кој покажува како тој го гледа распадот на поранешната заедничка земја.
 
- Фотографијата и филмот се мои голема страст. Покрај таа љубов дојдов до идеја да пратам порака на сите млади од овие простори да гледа напред во иднината и да го искористиме целиот интелект за да изградиме подобро утре, вели Гогиќ.
 
Според неговите зборови, девојката во филмот ја претставува Југаславија, собира шест ружи кои ги претставуваа шесте републики и ги обединува во еден букет. Шестсте војници претставуваат шест фактори кои, според мислењето на Гогиќ, ја убиле Југославија.
 
Во филмот играат: Ерна Ахметспахиќ, Бенџамин Крехо, Алдин Чамджиќ, Тарик Чамджиќ, Фехо Зекиќ, Фарук Гојачиќ, Јасмин Мазаловиќ, Дарис Омербашиќ, Адиха Селимбашиќ.