Од доцна попладне врнежи од дожд и снег, можна појава на замрзнат дожд

Повремени врнежи од дожд и снег се очекуваат од денес доцна попладне во западните и северозападните делови од Македонија. Во текот на ноќта на места во котлините можна е и појава на замрзнат дожд.
Врнежи од дожд ќе има и утре претпладне во западните и северните делови, а на планините ќе врне снег со што снежната покривка ќе се зголеми за нови 10 до 20 сантиметри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопската котлина се очекува врнежите да бидат претежно од дожд, а ќе има и услови на места да има појава на замрзнат дожд.
Во недела, според Управата за хидрометеорлошки работи, ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник под влијание на нов влажен бран ќе започне период на претежно облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Од средина на неделата на пониските места, особено на југоисток, врнежите ќе бидат од дожд. Во овој период дневните температури се очекува да бидат во интервал од -3 до 4 степени.
Ново на Сител
-

Од утре започнува топлотен бран, како да се заштитиме?
-

Колкава е опасноста од пајак црна вдовица во Македонија?
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Петмина со западно-нилска треска хоспитализирани на Инфективна – Еден во критична состојба
-

Во Гостивар има ризик од заразна жолтица, најавен е здравствен надзор
-

СДСМ бара кривична одговорност за труењето на граѓаните со загадена вода
-

Од почетокот на енергетската криза бензините поскапеа за 18.5, а дизелот за 27.5 денари
-

Мицкоски за истрагата за унгарскиот заем од Маѓар: Коментарите се дека кредитот бил многу поволен за нас
