Од денеска задолжителна маска за сите во супермаркетите во Грција
За вработените и потрошувачите во супермаркетите во Грција, од денеска е задолжително носењето маска, а во спротивно, предвидена казна од 150 евра, јави дописничката на МИА од Атина.
Во Грција, првпат се воведува оваа мерка, со оглед на тоа дека во првата фаза од укинувањето на рестрикциите и карантинот на почетокот на мај, за супермаркетите, маската беше задолжителна само за вработените што работат со прехранбени продукти кои не се спакувани, а не и за клиентите. Единствено досега, постоеше препорака за носење.
Министерот за развој и инвестиции на Грција Никос Папатанасис, говорејќи за грчката телевизија „Скај“ рече дека не е тешко да се спроведе мерката и упати апел до супермаркетите да имаат на располагање маски, во случај некој од муштериите да нема.
Министерската одлука објавена синоќа во Службен весник на Грција е во сила до 26 јули.
Ново на Сител
-
Трамп: Да беше Бајден на власт, ќе започнеше Третата светска војна
-
Продолжува јавната расправа за законски измени за поголема безбедност во сообраќајот
-
Од денеска се очекува да поевтинат над 1000 производи, од Комората на трговци повторно со реакција
-
Венс го предупреди Зеленски да не го критикува Трамп
-
Најмалку две лица загинаа при судир на два мали авиони во Аризона
-
Спасувачка операција во Србија: Извлечен маж по осум часа под урнатини
-
Студено утро, преку денот сончево и ветровито
-
КБК Шампион со 5 натпреварувачи на Европскиот куп во Пловдив