Од денеска за Дебар и Центар Жупа на сила само мерките кои важат за целата држава

Минатиот викенд заврши кризната состојба на териториите на општините Дебар и Центар Жупа. На денешната седница Владата на Република Македонија, по предлог на Главниот координативен кризен штаб, реши да се укинат сите дополнителни мерки предвидени за територијата на споменатите две општини кои беа на сила спрема акцискиот план подготвен на 13 март 2020, на стапување на сила на кризната состојба, прогласена за времетраење од 30 дена. Од денешен ден за Дебар и Центар Жупа на сила се само мерките кои важат за територијата на целата држава, изјави директорот на Центарот за управување со кризи, Агрон Буџаку.
Тој наведе дека од епидемиолошки аспект, воведувањето на кризната состојба придонело во последните 10 дена, да нема нови случаи на заразени лица со коронавирус.
– Досегашниот биланс, се надеваме конечен, е следен: од 49 потврдени пациенти со КОВИД-19 – 16 се излечени, 4 починати, за 8 се чекаат резултатите од второто тестирање, 29 пациенти се на домашно лекување, наведе Буџаку.
Тој посочи дека медицинските лица, како локалните, така и тие дојдени на испомош од другите делови на државата ја заслужуваат најголемата благодарност и пофалба за се што направиле и прават за граѓаните на Дебар и Центар Жупа.
– Јавно би ги пофалил локалните власти предводени од градоначалникот на град Дебар, Хекуран Дука, инаку по професија доктор, кои, во тесна соработка со подрачните единици на централните институции, цело време беа максимално ангажирани за ефикасно справување со ситуацијата. Преку Општинскиот кризен штаб и максималната поддршка на постојаниот штаб на подрачната единица на Центарот за управување со кризи, секојдневно бевме информирани за се што се случуваше, наведе Буџаку.
Тој истакна дека ЦУК секојдневно, преку учество на состаноците на ГККШ, ги пренесувал сите барања кои биле доставени од кризното подрачје, констатирајќи дека на 95 отсто од барањата, (документирано преку дневните извештаи), било одговорено и постапено.
– Благодарност и до припадниците на МВР, Армијата на РМ, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст, невладините хуманитарни организации и сите други за нивниот голем придонес за надминување на кризната состојба. Најголема честитка заслужуваат граѓаните на Дебар и Центар Жупа кои максимално се придржуваа до сите мерки донесени од страна на институциите на системот. Нивното трпение и високата граѓанска свест, придонесоа да имаме релативно и компаративно мал број на заразени и починати, наведе Буџаку.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
