Од денеска се воведуваат ноќни линии на ЈСП во Скопје
Од денеска се ставени во функција ноќните линии на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. Се работи за 11 автобуски линии: 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65Б. Автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65Б ќе сообраќаат секој ден, а преостанатите ќе бидат во функција во деновите од викендот или комбинирано, како и за време на празниците.
Како што соопштија градските власти, воведувањето ноќни линии е почеток на промените за подобар јавен градски превоз што е дел од програмата на раководството на ЈСП Скопје и на Град Скопје.
-На овој начин за скопјани се обезбедува јавен превоз и за време на ноќните часови, што беше укинато како опција од минатото раководството на Градот пред две години, се вели во соопштението.
Сите детали за возниот ред и трасите на ноќните линии се веќе достапни на веб-страницата на ЈСП „Скопје“ (http://jsp.com.mk/vest.aspx?vest=2300).
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
