Од денеска нов повик за грантови за млади земјоделци
- Платежната агенција објави нов повик за грантови од 10.000 евра за млади земјоделци, соопшти денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски од Кавадрци.
Средствата, како што рече Николовски по посетата на пункт за откуп на грозје, се наменети пред се за млади кои сакаат да се занимаваат со сточарство, за набавка на опрема во постбербени активности и за преработка на производи од животинско потекло.
Рокот за аплицирање трае 30 дена, а предност ќе имаат невработени лица повеќе од две години, лица кои имаат земјоделски задруги, кои се занимаваат со органско производство и кои применуваат нови технологии за добра земјоделска пракса.
- Оваа мерка годинава е со изменети критериуми. Се фокусираме на точно предвидените категории млади луѓе. Сакаме да придонесеме за зголемување на сточниот фонд, рече министерот, дополнувајќи дека лани биле потпишани 424 договори за земјоделска механизација.
Според Николовски, до крајот на годината ќе се акредитира и мерката од ИПАРД за рурално-јавна инфраструктура. Тоа ќе значи дополнителни 10 милиони евра за кои на почетокот на следната година ќе можат да аплицираат општините. Оваа мерка е дел од евроинтеграцискиот процес на државата.
- Кавадарци е една од општините која исто така користи европски средства. Досега се искористени околу четири милиони евра за земјоделство, за училишта, инфарструктура и други активности во делот на локалните работи. Евроинтеграцискиот процес кон кој чекори Македонија е многу битен за младите да останат тука, затоа и ја даваме оваа нова дополнителна поддршка. Членството во НАТО и преговорите со ЕУ се особено значајни за секторот земјоделство на кој ќе се базира во иднина нашата економија, додаде министерот
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-

Институциите не кажуваат каде е судијата Ристов, кај кого најдоа 350.000 евра сокриени во ѕид
-

МВР ќе врши калибрација и тестирање на камерите на Сејф сити од утре до крајот на месецот
-

Филипче не гледа напредок кон ЕУ – Владата не ја разбира политиката на опозицијата
-

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид
-

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје, двајца завршија во болница поради премрзнување
-

Масовно одбележување на Водици низ Македонија
-

Во осветените води на Плетварското Езеро кај Прилеп по 6-ти пат се одбележа празникот Богојавление или Водици
