Од денеска нов ковид-протокол во Собранието
Согласно здравствените протоколи од денеска во Собранието новинарите ќе можат да ги следат седниците на собраниските тела во салите каде што се одржуваат, а се враќа во функција Прес-центарот во Парламентот.
За ова вчера на координација претседателот на Собранието Талат Џафери ги известил координаторите на пратеничките групи,
-Покрај тоа, се враќа во редовна работа и бифето до Прес-центарот. Дополнително, претседателот на координацијата ги извести присутните и за тоа дека по најновата донесена одлука на Владата за влегување во сила на новите здравствени протоколи за заштита од Ковид-19, и во законодавниот дом се укинува мерката за задолжително носење маски во затворен простор. Сепак, мерката за мерење на телесна температура при влез во Собранието на Република Северна Македонија останува во важност, информираа од Собранието по одржаната координација.
Од собраниската прес-служба соопштија и дека Собранието на 28 април ќе одржи седница на која ќе бидат поставувани пратенички прашања.
-На редовната координација што се одржа во Собранието на Република Северна Македонија, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги информираше присутните за активностите на законодавниот дом во наредните денови. Како прва активност, извести за одржувањето на новата 69. седница на Собранието на Република Северна Македонија на 19.04.2022 година (вторник), со почеток во 11.00 часот. Наредна активност ќе биде пленарната седница на која ќе се поставуваат пратенички прашања, на 28.04.2022 година (четврток), информира собраниската прес-служба.
На дневен ред на 69-та седница се предлог-законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за взаемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (ОЕОС), како и предлог-законот за ратификација на Спогодбата за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и на добиточна храна и фитосанитарна област во Западен Балкан.
Пратениците, меѓудругото, ќе расправаат и за предлог-законите за инспекицски надзор во животната средина, како и за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини кои се со европско знаменце.
На дневен ред се и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за установите, и по скратена постапка предлог-законите за изменување на Законот за заштита на децата, за изменување и дополнување на Законот за поштенските услуги, за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, за изменување на Законот за заштита на децата.
Собранието ќе одржи и продолженија на 68-та и 64-та седница.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на архивите - 9 јуни
-
Министерот Муцунски во работна посета на Казахстан
-
Победа на локални избори во два српски града прогласија и Вучиќ и опозицијата, изборните комисии засега без резултати од гласањето
-
Сончево, попладне пороен дожд и грмежи
-
АМСМ: Нема подолги задржувања на граничните премини, сообраќајот се одвива непречено
-
СДСМ: Загрижува омразата на Мицкоски
-
Зеленски: САД пренасочија 20.000 ракети ветени за Украина кон Блискиот Исток
-
Фицо: Словачка ќе го блокира секој обид за воведување санкции од ЕУ кон Русија