Од денеска Ковид-19 решенијата за изолација во електронска форма преку Вакцинација.мк
Согласно владината одлука за измена на начинот на достава на решенијата за изолација на лица позитивни на КОВИД-19 и на нивни контакти, од денеска е во функција платформата на која секој граѓанин кој има потреба да дојде до сопственото решение за изолација ќе има пристап единствено до своето решение без да има увид во податоците на другите граѓани на кои им е издадено решение за изолација.
Пристапот, како што соопшти владината прес-служба, е можен преку банер на веб-страницата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (http://dszi.gov.mk/), кој носи до порталот Вакцинација.мк или директно на https://vakcinacija.mk/mk/
Постапката е едноставна. Граѓаните кои досега немаат креирано профил, ќе треба да се регистираат на порталот со креирање профил преку кој се овозможува генерирање на решението за изолација кое е дигитално потпишано од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Сите лица кои до сега имаат свој профил на vakcinacija.mk, ќе може да го генерираат решението на ист начин како и сертификатите за КОВИД-19 вакцинација или за прележан КОВИД-19.
Секое лице кое се тестира за КОВИД-19 потребно е веднаш по спроведеното тестирање да биде во самоизолација, сè до добивање на резултат од истото. Доколку резултатот е позитивен, останува во изолација уште седум, односно најмалку десет денови во зависност од тоа дали развило симптоми на болеста, информираат од владината прес-служба.
Ново на Сител
-

Санкциониран возач, се движел со брзина од 178 километри на час
-

Почнува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за наведување на самоубиство на сопругата Ивана и ќерката Катја
-

Трамп: Веруваме дека постигнавме промена на режимот во Иран, сите се мртви
-

Српскиот претседател објави победа на СНС на вчерашните избори во сите 10 локални самоуправи
-

Цените на нафтата пораснаа на повеќе од 115 долари за барел
-

Променливо облачно, температурата до 18 степени
-

Дизелот поскапува глобално – скок до 81 отсто во некои земји
-

Расчистено убиството во Виница, кривична за грчки државјанин, приведени вкупно четири лица
