Бизнис
26. February 2016 - 12:58

Од денеска големо поскапување на цигарите - Ова се новите цени

Од денеска цигарите низ Македонија со повисока цена. Малопродажните места уште вчера добиле информација од денеска да ги коригираат цените на цигарите кои поскапуваат од 3 до 5 денари по кутија.

Нови цени имаат сите цигари на Тутунскиот комбинат Прилеп меѓу кои и најпопуларните Бренд.

Поскапеа брендовите Европа, Сан како и новите варијации на Марлборо кои од 90 денари добиваат нова цена која  изнесува 95 денари за една кутија.

Дополнително од 1 јули годинава се зголемува и акцизата за цигарите што ќе повлече ново поскапување од 3 денари по кутија.