Бизнис
23. July 2018 - 10:53

Од денес нови цени на горивата во Македонија

По неколку циклуси поскапувања денес најверојатно регулаторот ќе одреди пониски цени на горивата од актуелните.

Движењето на цената на суровата нафта на светските берзи покажува дека во последните 2 недели барел нафта чинеше меѓу 71 и 73 долари за барел што е пониско од цената од пред две недели која регулаторот пресмета дека во просек била над 75,8 долари.

Во вакви услови извесно е дека од вторник на полноќ ќе добиеме нови намлени цени.

Во моментов дизелот е 64 денари, а ЕУРОСУПЕР 72 односно 74 денари за литар за 98 октанскиот бензин.

Останува да видиме каква ќе биде одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.