Од денес карантин во седум региони во Словенија
Во Словенија стапи во сила делумниот карантин, кој се применува во седум од 12 региони, поради зголемениот број на заразени со коронавирус.
Исто така, од денес е забрането да се собираат повеќе од 10 лица, а за постарите ученици наставата ќе се одвива преку интернет.
Новите мерки за карантин ги зафатија и градовите Љубљана, Крањ и Целје, додека Марибор и Копер не се во таканаречената црвена зона, а карантинот значи дека во одредени региони не смее да се влегува или излегува, освен во посебни случаи како што се одење на работа или на лекар, пренесува СТА.
Се додава дека списокот ќе се менува во зависност од развојот на ситуацијата.
Во седумте региони кои се наоѓаат на црвената листа важи и забраната за организирање настани, собири, свадби и црковни церемони.
Во сила е и обврската да се носат маски во затворено, на отворено, во автомобил кога се превезува лице кое не е член на исто домаќинство. Кога станува збор за границите, засега остануваат истите правила.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228