Македонија
20. May 2020 - 8:14

Од денес изменет сообраќаен режим на патот Хиподром-Стенковец

Во нашата држава сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Граничните премини се се уште затворени.

Виадукт трејд известува дека на ден 20.05.2020 (денес) ќе се изведуваат градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Автопат А2, патен правец Хиподром- Стенковец , во времетраење од 2 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.