Од албанскиот нафтениот тајкун Резарт Тачи конфискувани 1,3 милиони долари

По наредба од Суд во Тирана, албанската полиција блокираше банкарски сметки на сопственикот на албанската нафтена индустрија „Оил Тачи“, Резарт Тачи.
Како што јави дописникот на МИА, наредбата е спроведена од специјални полициски структури против финаниски криминал во соработка со секторот против перење пари во Управата на Тирана.
Врз основа на наредбата, од банкарски сметки на Тачи се конфискувани 1,3 милиони долари.
Тој е обвинет за затајување данок. Тачи, како сопственик на рафинеријата „АРМО“ во Албанија за четири години затаил данок во износ од околу шест милиони евра.
Управата за финансиски криминал и во 2014 година , кривично го гонеше Тачи за „прикривање приходи, затајување данок, фалсификување документи и измама“. Во рамките на тој процес даночните обврски кон дравата и обврски кон дрги компании изнесувале 14 милиони евра.
Тачи на 9 мај годинава беше уапсен во Швајцарија и во тамошен затвор издржува мерка притвор.
Во Женева бил уапсен под обвиние за „измама и фалсификување документи, печати и формулари“.
Ново на Сител
-

Орбан: Можен договор меѓу САД и Русија без Европа би можел да ја промени геополитичката слика
-

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника
-

Ердоган: Турција нема да толерира провокации и поморски закани во Источен Медитеран
-

Си Џинпинг во новогодишната порака го пофали напредокот на Кина и навести потенцијално присоединување на Тајван
-

Путин уверен во победата во Украина во својата новогодишна порака
-

Андоновски: Во 2025-та испорачавме, а во 2026-та ја забрзуваме дигиталната траснформација на Македонија
-

Сиљановска Давкова ги посети децата на детските клиники во Скопје
-

Повеќе од 24 часа во целосен прекин сообраќајот Струга – граничен премин „Ќафасан“
