Од 7 октомври 3. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“
Со премиерата на италијанскиот филм „Во Неапол никогаш не врне“ в среда, во 19:30 часот во кино „Милениум“ ќе биде отворен третиот Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“.
Во петте фестивалски дена ќе бидат прикажани повеќе филмови. Во официјалната селекција во програмата на годинашното издание има 15-тина филмови од Данска, Чешка, Германија, САД, Русија, а првпат во селекција е филм од Турција.
Предвидени се два мастер класа, осум работилници за сениорите и кадетите и четири работилници за јуниорите. Новитет е што двете возрасни категории ќе останат во МКЦ, а јуниорите годинава се на нова локација во МНТ. Од македонските филмови ќе се прикажат „Илузија“ во режија на Светозар Ристовски и „Големата вода“ на Иво Трајков.
Дарко Башески, в.д. директор на Агенцијата за филм на Република Македонија на денешната прес-конференција потсети дека Џифони Македонија го почнале во соработка со најголемиот фестивал за деца и млади Giffoni Experience од Италија.
- По 10-годишно учество на наши деца во Италија, склучивме договор со фестивалот за партнерство и го организираме „Џифони Македонија“ како регионален фестивал, секоја година со меѓународно учество на деца од повеќе држави, рече Башески кој додаде дека целта е да се прошири филмската култура кај младите, да се развие нова публика за кино-салите, а децата и младите да се приближат кон филмската уметност.
Годинава како дел од интернационалното жири ќе бидат 600 млади од Македонија и 50-тина млади од повеќе од десет држави од регионот и пошироко и тоа Србија, Хрватска, Албанија, Романија, Русија, Шпанија, Италија, САД, Франција и од Белгија.
Поддржувачи на фестивалот се Министерството за култура, Министерството за образование и наука, Италијанската амбасада, Младинскиот клултурен центар (МКЦ), Македонскиот народен театар (МНТ), Кинотека на Македонија, а од годинава генерален спонзор е Македонски Телеком.
Ново на Сител
-
Многу пријави за интернет закани, ама Македонија се уште без закон за сајбер беезбедност
-
Бел чад над систинската капела – избран е наследникот на папата Франциск
-
Тема на денот со професор Звонимир Јанкуловски, поранешен амбасадор во Ватикан
-
Подготовките за локалните избори во полн ек – Таравари на излезна врата
-
И Димитриевски и СДСМ ги повикаа истражните органи да утврдат дали има корупциски скандал во Куманово
-
Предлог-закон на СДСМ за помош на настраданите од Кочани, од ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржат - имаат свој план за помош
-
Истрагата за пожарот во Кочани во полн ек, родителите обвинуваат за масовно убиство
-
Кој треба да истражува дали има фиктивна вакцинација на деца со лажни потврди?