Од 50.000 до 5,9 милиони следбеници: Голманот на Кабо Верде, Возиња, светска сензација по мечот со Шпанија

Голманот на Кабо Верде, Возиња, стана вистинска интернет сензација по историското реми без голови против Шпанија на Светското првенство 2026.
Искусниот чувар на мрежата блескаше со серија неверојатни одбрани и беше најзаслужен што неговата репрезентација освои бод против еден од фаворитите на турнирот. Неговата партија веднаш предизвика огромен интерес на социјалните мрежи, па бројот на следбеници на неговиот Инстаграм профил експлодираше од околу 50.000 на дури 5,9 милиони.
Четириесетгодишниот Возиња со неколку клучни интервенции успеа да ја запре моќната шпанска селекција и да му донесе историски резултат на Кабо Верде на Мундијалот. По натпреварот, фудбалските фанови од целиот свет го преплавија неговиот профил, претворајќи го во една од најголемите приказни на досегашниот тек на Светското првенство па така Возиња преку ноќ од фудбалски херој стана и глобална интернет ѕвезда.
Ново на Сител
-

Човечкиот фактор и годинава главна причина за шумските пожари
-

Засилени контроли во постапувањата на конзерваторските одобренија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотирис Минас, поет од Грција
-

Хуманитарен пикник на „Алкалоид” – 2,2 милиони денари за Клиниката за детски болести „Козле”
-

ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер со владината реконструкција
-

Мицкоски ја бара ЕУ на масата со Бугарија
-

„Дозволуваме поединци да се богатат со уништување на нашето богатство“, велат од „Анима Мунди“ за ловот на дивеч
