Од 42 пожари пет се активни, четири ставени под контрола
Вкупно 42 пожари имало вчера на отворен простор, од кои во моментов пет се активни. Четири се под контрола и 33 се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, кај селото Тажево – Брезница – кракот кон Јасен, во Општина Демир Хисар и Општина Охрид кај Илинска планина, селото Базерник, Општина Охрид кај Косел – Расино – Опеница, Вапила, активен е на четири точки, во Општина Богданци - м.в.Погана кон Ветерен Парк Богданци и во Општина Пробиштип кај селото Зелениград и Јамиште.
Под контрола се пожарите во Општина Кочани кај селото Пресека, во Општина Свети Николе кај селото Патетино, во Општина Пласница, селата Пласница и Латово, Македонски Брод и во Општина Македонска Каменица кај селото Дулица.
Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов вчера изјави дека со европскиот механизам за заштита и спасување на територија на државата ја имаме следната странска помош - еден хеликоптер од Србија, еден од Чешка, еден од Словенија, два од Унгарија, како и два „ер трактори“ од Шведска и два од Германија.
Воедно, потенцираше, на помош е пристигнат тим од Унгарија со 46 лица со специјални теренски возила, со кои што може да се движат потешко пристапни предели.
Ново на Сител
-
Членовите на „СпејсИкс“ се вратија на Земјата
-
Вулин: Не треба да влеземе во ЕУ ако цената е признавањето на Косово
-
Град Скопје: Нов зелен појас на кејот на Вардар
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се погледне во огледало за сите предавства што ги направи на македонскиот народ
-
Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да преговара со Бугарија
-
Валандовец запалил возило на сограѓанин
-
Вечерва во прекин сообраќајот на патниот правец Куманово – Лопате
-
Краделе од нива, приведени три лица од Кавадарци