Од 123 објекти на поранешна СФРЈ, за 51 се бара решение
Мешовитиот комитет за сукцесија, составен од претставници на Македонија, Србија, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина, утре ќе одржат состанок во Белград, изјави претставникот на Србија во тоа тело Вељко Одаловиќ.
- Верувам дека во текот на следната година ќе ги решиме најголемиот број проблеми. Постои еден број објекти кои неспорно можат да се поделат и ќе инсистираме на тоа на претстојната средба, изјави Одаловиќ за РТС.
Тој истакна дека од 123 објекти на поранешна Југославија во странство, 72 се поделени, а за 51 објект се бара решение.
- Меѓу нив има и такви кои, иако се впишани како сопственост на СФРЈ, се утврди дека се впишани по различни критериуми и е невозможно да бидат поделени, објасни српскиот претставник.
Тој истакна дека очекува брза реализација кога станува збор за некогашните претставништва на Југославија во Њујорк и Токио, како и станот во њујоршката Пета авенија.
- За одржување на станот на Петата авенија во Њујорк, Србија досега дала три милиони долари и покрај тоа што никој не го користи. Постојат заинтересирани купувачи, но не и договор помеѓу поранешните југословенски републики, посочи Одаловиќ.
Тој наведе дека се спорни и четири објекти со голема површина кои се наоѓаат во Москва, Адис Абеба, Њу Делхи и Бразил, бидејќи земјиштата на кои се наоѓаат не се внесени како сопственост на СФРЈ.
Поделбата на имотот на Југославија е прецизиран преку седум анекси: подвижен и недвижен имот, дипломатски и конзуларен имот, финансиски подржужници, архив, пензија, долг и приватен имот. Од поделените недвижни имоти досега Србија доби 30, Хрватска 18, Словенија и Босна и Херцеговина по 10, а Македонија четири објекти.
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски: Платите треба да растат колку и продуктивноста
-
Тема на денот со д-р Сашко Кедев, првиот Македонец на сите највисоки врвови
-
Нема договор за раст на минималната плата на 500 евра
-
Брн: Предолгиот и мачен пат на Македонија кон ЕУ мора да заврши, но нема напредок без внесување на Бугарите во Уставот
-
Анастрозол и летрозол за онколошки пациенти од понеделник во аптека со рецепт
-
По изгласаната недоверба, власта очекува оставка од Коцевски
-
Нема договор за раст на минималната плата на 500 евра
-
Парното со иста цена, водата со стари проблеми – РКЕ подготвува законски решенија