Од 11-тата седница на Владата: За мерките за задолжително носење маски на отворено, за забрана за групирање на прослави ќе се носат законски измени за нивно уредување
Владата на Република Македонија на денешната 11-та седница ги разгледа препораките на Комисијата за заразни болести за задолжително носење заштитни маски или заштитна опрема (бандана, шал или друг вид прекривка на носот и устата), секаде при престој на отворено, на затворено во јавни објекти, на работно место и во јавен и приватен транспорт, со исклучоците кои опфаќаат спортување на отворен простор и на затворено со почитување на протоколите за заштита, при транспорт со приватно моторно возило ако сите лица во возилото се од едно семејство или живеат во заедничко домаќинство, во угостителските објекти со почитување на протоколите за дистанца и дезинфекција, при престој во службена просторија – канцеларија ако лицето е само во просторијата, како и за децата до 6 години, односно за деца од претшколска возраст; За забрана за групирање во домови на семејни прослави, слави и други собири во групи, при што се предлага на семеен настан во едно живеалиште, стан или куќа да може да се примат најмногу четири луѓе; како и предлогот да се забрани групирање на повеќе од четири лица на јавен простор после 22:00 часот односно да се забрани групирање по паркови, јавни површини или било каде на отворено.
Во врска со овие препораки Владата донесе заклучок дека за нивна реализација е неопходно да се направат соодветни измени во Законот за заштита на населението од заразни болести со што ќе се обезбеди можност со подзаконски акти Владата да ги уреди предложените мерки со цел спречување на појавата, рано откривање, спречување на ширењето и сузбивање на заразните болести и на инфекциите, правата и обврските на здравствените установи, правните и физичките лица, како и надзорот над спроведувањето на мерките, со цел заштита на населението од заразни болести.
Ново на Сител
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта
-
Мирен марш за поддршка на Епископот Партениј
-
МПЦ-ОА одбележа 1700 години од првиот собор во Никеја
-
Бања од римски период откриена во приватен двор во струмичко Баница
-
Салите во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп отворени и оспособени за одржување на настани, актерите бараат нов театар