Од 1001 сообраќајни прекршоци вчера на територија на цела држава, 178 ги направиле пешаците
Во рамки на вчерашните активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при Бирото за јавна безбедност (БЈБ) на МВР, во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, биле издадени 1001 платни налози, најмногу во текот на овој месец.
МВР денеска соопшти дека најбројни се прекршоците на непрописно паркирање (241), потоа прекршоците по основ на движење со неприлагодена брзина од дозволената (279).
-Она што е впечатливо за вчерашниот ден е фактот дека се евидентирани и 178 прекршоци што ги направиле пешаците, се наведува во соопштението од МВР.
Инаку, вчера регистрирани се 84 учесници во сообраќајот кои не поседувале возачка дозвола, во девет случаи откриени се алкохолизирани возачи, шестмина возачи минале на црвено светло, а казнет е и еден возач на електричен тротинет.
Покрај ова по основ на неносење сигурносен појас изречени се 39 прекршочни казни, плус еден прекршока заради неносење заштите шлем, а по основ на недозволено говорење на мобилен телефон при возење изречени се 34 платни налози.
Исто така, од сообраќај се исклучени вкупно 22 возила од кои 8 биле технички неисправни, а 14 биле нерегистрирани.
Ново на Сител
-
Повеќе од 200 борбени авиони учествуваа во нападите врз Иран
-
Откажани летови низ Блискиот Исток
-
Во Кочани уапсени 13 полицајци и началници кои биле на должност вечерта кога се случи трагедијата
-
Нетанјаху: Нападот врз Иран беше „многу успешен“, операцијата ќе трае со денови
-
Иран тврди дека подготвува остар одговор на израелските напади
-
Израелските авиони сè уште напаѓаат нуклеарни постројки низ Иран, соопшти армијата
-
Коцевски и обвинителскиот тим ќе информираат за досегашната постапка и донесената одлука за пожарот во „Пулс"
-
Во израелските напади е убиен шефот на Иранската револуционерна гарда