Од 1 јануари електронската картичка задолжитена во јавниот превоз
Од 1 јануари 2017 година корисниците на јавниот превоз треба задолжително да поседуваат електронска картичка и за возење во возилата на приватните превозници.
- Електронската картичка може да се набави во сите продажни места на ЈСП Скопје, на дополнителните продажни места од мрежата за продажба на 50 различни локации и во сите автобуси на ЈСП Скопје и приватните превозници, информира Град Скопје.
Со влегувањето во сила на интегрираниот тарифен систем, Град Скопје донесе одлука за промотивен период од еден месец, при што со секоја купена неперсонализирана електронска картичка следуваат пет гратис возења.
- Доколку сакате да користите јавен градски превоз задолжително треба да имате електронска картичка со запишан билет или надополнет електронски паричник, соопшти Град Скопје.
За единствено возење ќе се користат електронските картички, кои ќе служат како еден вид електронскиот паричник за купување билет во автобусите на ЈСП Скопје. За таа цел патниците претходно ќе мораат да надополнат средства во овластените продажни места. Минимална сума за надполнување е 100, а максималната 6.000 денари, без рок на искористување.
Граѓаните преку својот мобилен телефон ќе можат да купат билет за едно возење за сите линии и ноќен билет за едно возење, исто така за сите линии.
Од 1 јануари 2016 година почна користењето на електронските картички во ЈСП Скопје.
Ново на Сител
-
Мицкоски за можна средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и добри соседи
-
Путин очекува Орбан да зборува од името на Европа за Украина
-
НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција
-
Столтенберг се надева дека Украина може да се приклучи на Алијансата во следните 10 години
-
Шолц вети дека поддршката на ЕУ за Украина нема да ослабне, и покрај посетата на Орбан на Москва
-
Муцунски: Заедничките активности на НАТО и ЕУ во регионот од суштинско значење за зацврстување на стабилноста
-
НЕПТУН слави 10 години на HAPPY програмата за лојалност
-
Гир и Дрекслер се надеваат на продолжување на дијалогот со новата Влада, по изјавите на Мицкоски дека амбасадорите се мешаат во внатрешните работи