Фудбал
4. May 2016 - 18:14

Очекувани победи на Хоризонт Турново и Ренова во битката за опстанок во ПМФЛ

 

 Попладнево беа одиграни два натпревари од 4.коло во плејаут конкуренцијата во Првата македонска фудбалска лига.
 
Во Охрид, екипата на Хоризонт Турново со головите на Ѓорги Стоилов (56-минута) и Филип Тимов(90) ја совлада екипата на Младост Ц.Д. со 2:0.
 
Победа оствари и Ренова која се бори за опстанок во Првата лига. На стадионот „Борис Трајковски’’ во скопската населба Маџари, Ренова со 4:2 го совлада Металург. 
 
По два гола за тетовската екипа постигнаа Демир Имери (7 и 24 минута) и Емран Рамадани (18 и 64), додека головите за одамна отпишаниот Металург ги постигнаа Филип Стојчевски (33) и Дарко Додев (67).
 
На две кола до крајот на табелата води  Хоризонт Турново 43 бодови пред Ренова која има 41, па овие две екипи ќе се борат за местото кое и следната сезона носи настап во прволигашката конкуренција. Екипите на Младост Ц.Д. со 19 и Металург со 16 ќе се преселат во Втората лига. и