Обвинителството се уште презема мерки за сообраќајната несреќа на „Партизанска“ во која загина 22-годишната Фросина

Обвинителството се уште презема мерки и прибира докази за сообраќајната несреќа на „Партизанска“ во која загина 22-годишната Фросина Кулакова. Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, вели дека казната треба да има одредена цел и влијание и јавниот обвинител во тој поглед ќе ги преземе сите дејствија на обезбедување на цврсти докази.
Во конкретниов случај во поглед на лицето што го прегази девојчето, Коцевски вели дека тој се наоѓа во притвор и за сега и така ќе остане до крај, бидејќи се работи за кривично дело сторено со умисла, најтешко кривично дело во сообраќајот во однос на безбедноста.
- Знае јавноста, запознаена е дека се работи за движење со голема брзина. Истиот е под дејство на алкохол, поминал на црвено светло, брзината точно ќе ја утврди вештото лице од областа на сообраќајот. Така да, во тој дел Јавното обвинителство нема никаков проблем и токму затоа е определен и 30 дневен притвор. Што значи за овие кривични дела казната е висока, и затоа јавниот обвинител предложил притвор за да се обезбедат доказите во текот, но и да не влијае евентуално на постапката или на сведоци, изјави Коцевски, одговарајќи на новинарски прашања пред денешната седница на Советот на ЈО.
Коцевски, посочи дека во тек на оваа постапка ќе се проверува се што е од интерес за постапката.
-Што значи сите факти и околности ќе се имаат во предвид затоа што при определување на казната не само судот, туку јавниот обвинител ќе ги има во предвид сите околности, затоа што казната треба да има одредена цел и влијание, и јавниот обвинител во тој поглед ќе ги преземе сите дејствија во поглед на обезбедување на цврсти докази иако состојбата да речам, во оваа фаза е јасна и сите докази одат во корист на Обвинителството, изјави Коцевски.
Прашан за претходното дело на возачот, за кое се чека одлука од Апелација, Коцевски, рече дека Вишото јавно обвинителство Скопје дало предлог и предметот е проследен до судот, по што сите натаму дејствија ги презема судот.
- Штом предметот стигне во второстепена постапка јавниот обвинител има одреден рок од 15 дена да даде предлог и да се произнесе по жалбите во првостепената постапка дали ги поднел обвинетиот или Јавното обвинителство. Во конкретниов случај Вишото јавно обвинителство Скопје дало предлог, и предметот е проследен до судот. Сите натаму дејствија ги презема судот. Судот има, секогаш има во законот рокови, меѓутоа начинот на решавање поради преобемноста на работа итн. тоа не зависи од јавниот обвинител. Јавниот обвинител не може да ги следи сите постапки и да ги следи дејствијата на судот. Судот е тој, јавниот обвинител е само странка, изјави Коцевски.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
