Македонија
13. August 2019 - 16:14

Обвинителството реагира на изјавата на Пендаровски, опозицијата бара оставка и нови избори

Не е време за напади и нема да дозволиме дискредитирање на обвинители, како и мешање во кривични постапки од страна на политичарите. Јавното обвинителство рерагира на ставовите на претседателот Стево Пендаровски за тоа дека наместо брза и темелна истрага за Рекет обивнителите заминале на колективен одмор.

„Изјавата на претседателот на Република Северна Македонија дека дава целосна поддршка на обвинителството и дека ќе ги употреби сите уставни и законски овластувања за да го заштити од притисоци ќе беше реална, доколку повикаше пратениците да го изгласаат Законот за јавното обвинителство и доколку дадеше поддршка за зајакнување на капацитетите на обвинителството за поефикасна борба против криминалот и владеење на правото, се вели во реакцијата на обвинителството.

Од таму уверуваат дека за Рекет се постапувало неселективно и навремено.

На оваа реакција на обвинителството, се јави и Пендаровски. Тој на Фејсбук порача дека по ниту еден основ нема направено дискредитација на Јавното обивнителство,  ниту пак, кај него постоела намера за напад на институцијата или мешање во истрагата.

„Потенцирам дека во своето обраќање изразив целосна поддршка за надлежните институции, а особено на обвинителството и судот и истакнав дека ќе сторам се, за да ги заштитам од евентуални притисоци при спроведување на истрагата и целосно расветлување на случајот „Рекет“. Уште еднаш укажувам дека е потребно ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата за случајот „Рекет“ почитувајќи го начелото на презумпција на невиност“, напиша Пендаровски.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека Пендаровски дал алиби во случајот Рекет со тоа што, како што велат, ја пуштил Јанева низ вода. И понатаму тврдат дека во скандалот вмешан е и премиерот Зоран Заев.

Не случајно во овие месец дена и Заев менуваше телефони и протоколи, вадејќи се на скандалот со украинските комедијанти, а Катица губеше и форматираше и телефони и компјутери. Еден месец ЈО молчи и наместо да ги гони нарачателите во случајот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оди еден чекор понапред и на Фејсбук вели дека само месеци ја делат Македонија од вистинска обнова. И понатаму инсистира на одговносрност за сите инволвирани.

Во текот на вчерашниот ден до мене стигна информација дека готова била Катица и дека прашање на денови е кога ќе завршела во притвор..., ајде мајката..., е крикот на Зоран Заев..., па ќе излезе Стево Пендаровски и ќе го повтори истото што претходно оној на кој му е ист 102,5% го напиша, дека одговорност мора да имало. Сето ова делува прозаично без нималку навигација за полесно де лоцирање на одговорноста напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Oд владеачката СДСМ негираат вмешаност на Заев во случајот. Велат дека: Ако Мицкоски, Игор Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ навистина се за правда, тогаш нека повикаат на одговорност и расчистување на сите отворени предмети и истраги, потсетувајќи на досегашните предмети на СЈО

За Алијансата на Албанците „Рекет“ е доказ за вмешаност на политиката во судството. За нив, Македонија е во политичка криза и потребна е вклученост на меѓународниот фактор.

И партијата на Села и понатаму инсистираат на специјален обвинител од држава членка на ЕУ, а бараат и предвремени избори.