Обвинителството поднесе жалба на пресудата за сообраќајката во која загина Фросина Цековска
Основното јавно обвинителство Скопје со доставување жалба, му предлага на Врховниот суд да ја преиспита донесената пресуда на Апелацискиот суд за сообраќајката кај Универзална сала во која животот го загуби Фросина Цековска од Крива Паланка.
Како што соопшти Јавното обвинителство, жалбата е поднесена по две основи: поради суштествена повреда на одредбите на Законот за кривична постапка, како и поради одлуката за изречената кривична санкција од Законот за кривична постапка.
-Основното јавно обвинителство Скопје преку Апелацискиот суд Скопје до Врховниот суд достави жалба на пресудата на Апелацискиот суд Скопје од 08.04.2019 година во врска со сообраќајната несреќа што се случи на 03.04.2015 година на булеварот „Партизански Одреди“ во која животот го загуби Фросина Цековска од Крива Паланка, информира Обвинителството.
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност