Обвинителството ќе ги истражува причините за загинувањето на планинарите на Кајмакчалан
Скопското Јавно обвинителство постапува за расветлување на трагедијата на планинскиот врв Кајмакчалан, во кој животот го загубија македонските планинари Калина Велевска и Александар Миновски.
- Надлежен јавен обвинител издаде наредба до Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за насилен криминал да се извршат проверки во Федерацијата на планинарските спортови на Македонија по однос на тоа кој, кога, и како ја организирал планинарската експедиција, кои се потребните услови за таква организација и дали тие биле исполнети, како и други околности, соопштија утрово од Обвинителството.
Во исто време, издадена е наредба да се направат проверки и во планинарското друштво „Трансверзалец“ – Скопје, нивните акти и одлуки врз основа на кои се организираат планинарските експедиции, потребните услови што треба да се исполнат, како и околностите под кои се спроведувало искачувањето на Кајмакчалан.
По наредба на надлежниот обвинител треба да бидат обезбедени и листинзите на појдовни и дојдовни повици од мобилните телефони на починатите планинари, се додава во соопштението од Обвинителството.
Калина Велевска и Александар Миновски загинаа на 10 февруари искачувајќи се на Кајмакчалан заедно со група планинари.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024