Обвинетите за масакрот кај Смилковци сами дојдоа во суд без полициска придружба
Обвинетите за масакрот кај Смилковското Езеро, денеска за прв пат дојдоа во судот без полициска придружба за да се пријават, како гаранција дека нема да побегнат, откако беа пуштени на слобода.
- „Немаме намера да побегнеме. Како што и денес гледате, дојдовме во судот и ќе ги почитуваме напатствијата кои ни беа дадени. Очекуваме фер и правично судење и веруваме дека ќе ја докажеме нашата невиност, изјави денеска Хаки Азири за медиумите, додавајќи дека не контактирале со двајцата обвинети кои се во Косово и не знаат дали тие ќе влијаат на постапката.
За потсетување, во петокот Врховниот суд донесе одлука после пет ипол години да има ја укине мерката притвор на обвинетите за Монстрим и со тоа тие да се бранат од слобода.
Тие ќе треба секој вторник и петок да се пријават во судот.
Петкратното убиство кое ја потресе македонската јавност и е едно од најкрвавите се случи на 12 април 2012 година.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест