Обвинетиот за убиството на Чарли Кирк ќе бара прелиминарно сослушување

Обвинетиот за убиството на десничарскиот политички активист Чарли Кирк се појави пред судот вчера, а неговиот нов адвокатски тим потврди дека ќе побара прелиминарно сослушување на кое ќе се утврди дали има доволно докази за започнување судски процес.
Дваесет и двегодишниот Тајлер Робинсон е обвинет дека го испукал истрелот со кој на 10 септември беше убиен Кирк, кој беше близок сојузник на претседателот на САД, Доналд Трамп.
Робинсон беше уапсен по 33-часовна потрага, а Обвинителството соопшти дека ќе бара да му биде изречена смртна казна доколку биде прогласен за виновен.
Судски назначената службена бранителка на Робинсон, Кетрин Нестер, побара одбраната да добие време да се запознае со доказите во случајот, кои според Обвинителството се „обемни“, и рече дека тоа веројатно ќе трае со месеци.
Следното техничко рочиште на судот е закажано за 30 октомври.
МИА
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
