Обвинение за едно лице за разбојништва и тешка кражба во аптека и во Психијатриската болница Скопје
Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице кое се товари за извршени две кривични дела – разбојништво и тешка кражба во текот на декември минатата година.
Обвинетиот, како што соопшти Јавното обвинителство, првото дело го сторил на 4-ти декември минатата година, во аптека на „Зегин Фарм“ која се наоѓа на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје. Тој влегол во аптеката со црна маска на лицето и шприц со игла во раката, и се заканил на вработената и одзел 9.790 денари. Второто разбојништво го сторил на 12-ти истиот месец во ПЗУ „Моја Аптека Зегин“. Со качулка и шал преку лицето, држејќи скалпел во рацете, се заканил дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на вработените, по што одзел 1.500 денари.
На 28-ми декември минатата година во просториите на Центарот за ментално здравје Влае при ЈЗУ Психијатриска болница Скопје – Бардовци со провалување одзел туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвои. Истиот ден тој во просториите на Центарот за ментално здравје влегол два пати. Првиот пат украл четири монитори и еден рутер со вкупна вредност од 21.000 денари, како и други подвижни предмети – средства за хигиена, кафе, сијалици, звучници за компјутер, компјутерски и продолжни кабли за напојување, се во вкупна вредност од 23.864 денари. Кога излегол од просториите преку скршен прозорец бил затекнат и задржан од еден сведок.
Надлежниот јавен обвинител на Судот му предложил да ја продолжи претходно определената мерка притвор за обвинетиот со оглед на тоа што тој е повеќепати осудуван за ист вид кривични дела, па постои опасност тој да се даде во бегство и основан страв дека би можел да го повтори кривичното дело, велат од Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-
Основната плата во државата не може да биде пониска од минималната плата – Независниот синдикат на полицијата утре излегува на протест
-
Трипуновски: Излегуваме во пресрет на земјоделците, ќе ја направиме проценката за да се обноват површините зафатени од невремето
-
Во Скопје синоќа 92 сообраќајни прекршоци, 50 санкционирани возачи на мотоцикл
-
Најмалку 104 лица го загубија животот, а 28 се повредени во поплави во источниот дел на ДР Конго
-
Филков: Со новиот Закон за Судски совет воведуваме јасни критериуми и механизми за одговорност
-
Истрага за сообраќајна несреќа во Чаир во која има едно лице повредено
-
Приведен 29-годишен маж во Куманово, крадел предмети од црква
-
Укината забраната во Барселона и Тарагона за излегување надвор поради токсичен чад после пожар