Обвинение за дилер на марихуана фатен кај училиште во Шуто Оризари
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 41-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.
-На 14 месецов во попладневните часови, во близина на основно училиште во Шуто Оризари, обвинетиот неовластено заради продажба држел 91,05 грама марихуана. Дрогата, спакувана во бела најлонска кеса, му била пронајдена и одземена при личен преглед, соопшти денеска Јавното обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи постои опасност од бегство и можност да го повтори делото.
Ново на Сител
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима