Обуки за воспитувачите во градинките во Пехчево, Делчево и Виница
Во детските градинки во Пехчево, Делчево и Виница од денеска започнаа обуките за воспитувачите во рамките на проектот „Подобрување на вработеноста на Ромите преку едукација и тренинг“ проект кој е финансиски поддржан од ЕУ, РЕФ од Будимпешта, а имплементиран од НВО КХАМ од Делчево.
Сара Јашарова координатор на проектот истакна дека со овие обуки ќе бидат опфатени 20-ина воспитувачи во детските градинки каде се опфатени деца Роми и воспитувачи од ромска националност.
-Целта на оваа активност е да видиме како работат институциите од предшколскиот ситем на образование во регионот и со какви предизвици се соочуваат воспитувачите. Сакаме да го подигнеме квалитетот и улогата на воспитувачот во градинките, да придонесеме за нивна професионална надградба која во иднина ќе се имплементира во нивната секојдневна работа со децата, но и ќе ја зголеми нивната конкурентност при вработувањето, рече Јашарова.
Првата обука во детската градинака со фокус групи од воспитувачи ја одржа професорот Кирил Барбареев од Факултетот за образовни науки при УГД Штип. Според него, клучната улога за воспоставување на една култура на квалитет во предшколското образование, треба да ја создадат воспитувачите во интеракција со родителите, но и надлежните министерства и креатори на образованата програма за што се потребни обуки и надградба на капацитетите на вспитувачите.
-Морам да потенцирам дека состојбата е згрижувачка, сѐ повеќе се забележува користење на социјалните мрежи од страна на децата уште од мали нозе, не постои конрола од страна на семејството, исто така, користењето на дијалектите во образованието, за што треба да има и вклучување на експерти за решавање на овој предизвик. Овде е и изучувањето странски јазик од мали нозе. Во таа смисла, би потенцирал дека во моментот она што го препорачува науката е прво да се усвои мајчиниот јазик, иако би додал дека постојат различни контексти, но науката препорачува прво да се усвои мајчинот јазик, а потоа треба да се процени која возраст е најсоодветна за изучување странски јазик, но и прашањето колку учители треба да има едно дете на 3-4 години, рече Барбареев.
Тој додаде дека важна улога во овој систем претставуваат и уметностите.
-Музичката, ликовната, драмската педагогија е занемарена кај нас, а другите земји овие уметности ги гледаат како основа во предшколското образование. Тоа се теми кои се запоставени кај нас изминативе 20 години, потенцираше Барбареев.
Обуките со фокус групи од воспитувачи во претшколското образование ќе продолжат со тематски работилници кои ќе опфатат теми за значењето и улогата на воспитувачот во развојот на говорот, јазикот и писменоста кај децата, јазичниот статус кај децата, збогатување на речникот, воспитно-образовните вредности на литературата за деца и слично.
Ново на Сител
-
21-годишна албанка излетала од патот со автомобил близу Битола, тешко повредени сопатниците
-
Кипар под црвен метео аларм: Температури до 45 степени, забрана за работа на отворено
-
Тешко повреден параглајдерист во Крушево се пренесува со полициски хеликоптер во Скопје
-
Кривична против 14-годишник од Куманово, извршил шест тешки кражби во приватни имоти
-
Жена од Гостивар физички го нападнала своето 4-годишно дете
-
Дмитриев: За постигнување мир во светот мораме да ги исправие грешките на Бајден
-
23-годишник под истрага за илегално држење и продавање марихуана
-
Делчево добива Центар за услуги – дел од националниот портал за дигитални услуги