Обука за вработените од градинките во Делчево, Виница и Пехчево
Во Делчево заврши обуката за воспитувачи од предшколското образование во општините Делчево, Виница и Пехчево што се спроведуваше изминативе два дена во рамките на проектот „Подобрување на вработеноста на Ромите преку образование и наука“ финансиски поддржан од ЕУ и РЕФ од Будимпешта, а имплементиран од НВО КХАМ Делчево.
Професорот од Факултетот за педагошки науки од УГД Штип, Кире Барбареев, кој беше предавач на обуките го потенцираше значењето на раниот детски развој, односно целокупниот развој на личноста на детето.
- Искуството од секојдневната работа на воспитувачите од детските градинки ние ќе го надополниме со новите знаења на практиката и новите научни достигнувања во предучилишното воспитание и образование. Клучната тема е културата на говорот кај воспитувачите, говорот и комуникацијата со семејството, со заедницата, создавање партнерски однос и да се подигне свесноста за значењето на предучилишното образ, бидејќи последните 10 години предучилишното образование е ставено на приоритет и во делот на инвестиции и во она што не треба да биде пропуштено, рече Барбареев.
Тој вели дека дел од обуките е и визуелизација на тркало каде се интегрираат повеќе уметности кои се повзрани со клучниот метод за работа во градинките, а тоа е играта.
- На ова поле на воспитувачите треба да им помагаат стручни лица од областа на музиката, ликовната и драмската уметност. Мислам дека уметностите, музичката, драмската, ликовната, треба да бидат повеќе застапени музичките педагози, ликовните, треба да им помогнат на воспитувачите за да изградат еден концепт за посилно форсирање на тие области. Музиката е клучниот е лемент за развој на ритмот и движењето. Постојат цели форми и методи во некои педагогии како еуритмијата која педагогијата на Рудолф Штајнер кој зазема голем замав во светот, драмската уметност која се интегрира со говорот движењето, со комуникација со движење, а поголем дел на работата на воспитувачите е поврзана со подготовка на приредби, играње со куклата и треба да се даде голем фокус, бидејќи и децата сакаат тоа да го прават, рече Барбареев.
Овие концепти се предизвик за да почнат да се применуваат во детските градинки,велат директорите на детските градинки од Виница и Пехчево.
- Многу интересни теми за комуникација со родителите, со заедницата. Но, има кај нас и доста ограничувања, недостаток на материјални средства, просторни ограничувања, во последните години сите градинки сме со голем број на деца со по 30-40 деца во група, но сепак, може дел од овие практики да се применат и кај нас, изјави Илија Јованов, директор на детска градинка Виница.
Директорката на детска градинка Пехчево Гордана Вазлиска рече дека тие сознанија за нив се нови.
- Ние ќе се потрудиме, но според нашите услови и можности, голем дел да имплементираме и ќе тежнееме целосно да го примениме, изјави Вазлиска.
Ново на Сител
-
Кошта: Време е ЕУ да ги исполни ветувањата кон Западен Балкан
-
Мицкоски на средби со дијаспората во САД
-
Како да се спречи одливот на работници?
-
Од Скопје ќе се лета до Париз и Женева – Воведени две нови авиолинии
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на средба со иселеници во Њу Џерси
-
Седница на ЦУК за координација на системот за управување со кризи
-
Охрид: Неопходна е заедничка соработка за заштита на регионот