Обука на волонтерите од Црвениот крст
Во рамки на проектот „Стоп на пороците“ денеска во Агенцијата за млади и спорт се одржа обука на волонтери од Црвен крст на Република Македонија, кои активно ќе бидат вклучени во реализација на проектот.
Како што соопшти АМС, на обуката беа присутни волонтери од Кавадарци, Прилеп, Охрид и Скопје. Главен обучувач беше доктор Лилјана Игнатова, која ги информира учесниците околу техниките на делување во делот на волонтерството и проектот.
Во изминатиот период во рамки на проектот беа опфатени десет општини, со извршени презентации во основните училишта на околу 7.000 ученици.
Во текот на декември 2015 година беше побликувана и брошура „Кажете и не на дрогата - кажете му да на животот!“, која ќе биде дистрибуирана на учениците од основните училишта.
Проектот во текот на 2016 година продолжува со реализација во Скопје, Охрид, Прилеп и Кавадарци.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи