Обудсманот сериозно ги следи мерките на Владата по однос на КОВИД-19
Канцеларијата на Народниот правобранител будно и сериозно ја следи секоја мерка усвоена од Владата на Република Македонија по однос на превенцијата на ширењето на вирусот КОВИД-19, вели омбудсманот Иџет Мемети во интервјуто за МИА, кое ќе биде објавено утре. Додава дека ограничувањата се со ограничено времетраење и сразмерно на опасноста од ширење на вирусот цени дека нема место за нивна реакција.
– Имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата, но и потребата од континуирано следење на состојбите со човековите права, донесов План за работа во услови на вонредна состојба, истиот е исто така објавен на нашата веб страница, при што секој граѓанин, како и досега непречено може да се обрати за каква било помош и совет, по електронски пат или преку телефон, вели Мемети.
Воедно, омбудсманот Мемети, во интервјуто за МИА одговара и на прашањата за Извештајот за степенот на почитување на човековите слободи и права за изминатата 2019, односот за бројот на претставки, за состојбата во судството и казненните установи, како и за постапувањата на институциите за препораките упатени од оваа институција.
Ново на Сител
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора
-
Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД
-
Еминем преку видеоспот објави дека ќе стане дедо