ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР денеска на прес-конференција во 15 часот ќе ги соопштат првичните согледувања од мониторингот на вчерашниот прв круг претседателски избори во земјава.
Шефицата на мисијата Џилијан Стирк, која ја предводи мисијата на ОДИХР за набљудување на изборите, вчера изјави дека по посетата на неколку избирачки места, оценката е дека почетокот бил добар, но целосна проценка за тоа како се одвивал изборниот процес ќе имаат откако на крајот на денот ќе ги соберат податоците од гласачки места низ целата држава.
-Колективно го оценуваме целиот изборен процес, од законодавната рамка до самото спроведување на изборите, вклучувајќи го и финансирањето на кампањата и, секако, улогата на медиумите. Утре ќе ги презентираме нашите првични резултати, ќе одржиме прес-конференција, сите сте добредојдени да ни се придружите таму и ќе има можност за новинарски прашања по кратката изјава што ќе ја дадам јас како и нашите партнери од Советот на Европа, изјави вчера Џилијан Стирк.
ОБСЕ/ОДИХР ги следи претседателските избори со повеќе од 200 набљудувачи распоредени низ сите региони во државава, како и долгорочни набљудувачи кои се тука од отворањето на мисијата, на крајот на март. Тие ги набљудуваат изборите во Северна Македонија оценувајќи ги според меѓународните обврски и домашното законодавство.
Ново на Сител
-
ЕВРО2024: Тројца избодени со нож во фан зона во Штутгарт
-
Отстранети 40 кубни метри отпад од дива депонија на „Пластичарска“
-
Сараево: Ги убил братот и снаата, ја запалил куќата, па се самоубил
-
Поплавен погон на скопска фирма
-
Македонец пронашол изгубено девојче во Неа Флогита
-
Нови пријави за оштетени автомобили и поплавени објекти во Скопје
-
Прва седница на Владата, ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии
-
Најмногу дожд изминатото деноноќие наврнал во Куманово