ОБСЕ/ОДИХР ги почна подготовките за мониторинг на изборите на 5 јули
ОБСЕ/ОДИХР ќе испрати специјална мисија во Република Северна Македонија по покана од македонската Влада за следење на изборите на 5 јули. ОБСЕ/ОДИХР објави конкурс за ангажирање експерти од различни области кои треба да го следат изборниот процес, се наведува во соопштението објавено денеска на веб страницата на организацијата.
Меѓународните набљудувачи се очекуваат во земјата по 19 јуни.
– По официјалната покана да се набљудуваат предвремените парламентарни избори во Северна Македонија на 5 јули и во согласност со својот мандат, ОДИХР се подготвува да испрати специјална мисија за проценка на изборите. Во отворениот конкурс, кој завршува на 16 јуни, ОДИХР бара шеф на мисијата на Северна Македонија и негов заменик, политички и изборен аналитичар, како и аналитичар за регистрација на гласачи, правен и медиумски советник. Мисијата ќе биде во траење од три недели, а сите кандидати треба да бидат на располагање за извршување на задачите од 19 јуни, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот