Македонија
15. January 2016 - 16:18

ОБСЕ/ОДИХР бара почитување на роковите од договорот од Пржино

ОБСЕ и ОДИХР повикуваат на целосна имплементација на договорот од Пржино и одржување на предвремените парламентарни избори на 24 април, бидејќи иднината на државата е во прашање. Повикот е објавен на официјалната интернет страна на организацијата.

 Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер и директорот на ОДИХР Мајкл Георг Линк ги повикаа лидерите на четирите најголеми политички партии во Македонија да делуваат во интерес на сите граѓани и да ги преземат сите неопходни чекори да осигураат целосна и навремена реализација на сите одредби од Договорот од Пржино, вклучувајќи го и изборот на преодната влада и премиер според предвидениот рок како и одржување на предвремени парламентарни избори на 24 април. 

- Следните денови мора да бидат донесени некои многу тешки одлуки и чекори. Иднината на државата е во прашање и довербата на граѓаните не смее да биде изневерена. Затоа, потребно е успешно завршување на тековниот процес, вели генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер. 

Директорот на ОДИХР потенцираше дека оваа организација веќе ги започнала подготовките за распоредување на бројна набљудувачка мисија која ќе игра голема улога во враќање на довербата на гласачите во изборниот процес. Ќе набљудуваат и како ќе бидат спроведени изборите.