ОБСЕ: Предизвиците со човековите права да се решаваат со исполнување на обврските
Најголемите предизвици со човековите права со кои се соочува светот, можат да бидат олеснети доколку се обезбеди верно спроведување на межународните обврски, изјави денеска претседавачот со ОБСЕ Игнасио Санчез Амор, по повод Меѓународниот ден на човекови права.
Тој оцени дека врз основа на усвојување на Универзалната декларација за човековите права пред 69 години, државите треба да се потсетат на обврските на кои се согласиле кога ги прифатиле Универзалната декларација и документите на ОБСЕ.
- Не успеваме да ги исполниме нашите обврски, со либералните држави и со авторитарните трендови кои стануваат „новото нормално“. Не можеме да го прифатиме ова како регуларен дел од меѓународната политичка слика, така што, на денешен ден, Меѓународниот ден на човековите права, би требало да ги анализираме нашите меѓународни обврски и да донесеме одлука верно да ги спроведуваме, движејќи се напред, истакна Санчез Амор, преку соопштение лиферувано од ОБСЕ.
Тој нагласи дека меѓународната заедница би требало „секој ден да работи на обезбедување целосна имплементација на фундаменталните слободи, од кои многу се рутински напуштени“.
- Видовме, на пример, праксата како што е трговија со робови, дека се врати во нашите општества, што е нешто што никогаш не смееме да прифатиме да толерираме, истакна Санчез Амор.
Ново на Сител
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест
-
Една недела до одржување на изборите, партиите продолжуваат со предизборните активности
-
Зградата на ЕК осветлена во чест на 20-годишнината од големото проширување на ЕУ
-
Првомајски штрајк и протести во Грција