Македонија
16. December 2021 - 8:49

ОБСЕ донира опрема за Единицата за службени кучиња при МВР

Шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која денеска во Министерството за внатрешни работи ќе му предаде донација од возила на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Опремата е наменета за Единицата за службени кучиња при МВР. Донацијата е дел од заеднички проект на ОБСЕ и МВР, насловен „Обезбедување поддршка на националните власти на Република Северна Македонија во намалување на ризикот од пролиферација на оружје и злоупотреба на мало и лесно оружје“, соопшти Министерството за вматрешни работи.