Ракомет
9. April 2016 - 21:05

Обрван заминува од селекторската функција на Македонија

По поразот од Тунис селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван на средбата со македонските новинари напомена:

- Лошо го отворивме натпреварот и потоа тешко беше да се стигне противникот. За мојот ангажман јасно е дека јас ја сносам вината за неуспехот и затоа и заминувам, а кој ќе биде на моето место треба да реши федерацијата. Жалам што си заминувам на ваков начин.