Ракомет
7. November 2015 - 9:45

Обравн задоволен од настапот на Талески

Македонската ракометна репрезентација вчера во првиот натпревар на „ХЕП Кроација куп“ во Умаг загуби од домаќинот Хрватска со 29:21. По дуелот селекторот на Македонија Ивица Обрван изјави:
- Ништо неочекувано според тоа со кој состав настапивме.Игравме добро во одреден период од дуелот, но направивме неколку замени и ги сменивме играчите како Кирил Лазаров и Прибак, со цел да не ги „трошиме“ многу сметајќи и на нивните клубови, така да им дадовме шанса и на помладите. Жалам што разликата беше четири голови за противникот, а заврши осум. Тоа е таков момент кога се расипува впечатокот за натпреварот бидејќи „отиде“ до највисоката граница. Мило ми е дека видов едно позитивно издание од Филип Талески. Нас не очекува голема работа до Европското првенство во Полска. Имаме играчи кои не играат и кои не се во форма. И на денешниот дуел со Црна Гора ќе биде иста распределба на силите. Сакаме победа, но младите ќе добијат шанса да играат.
Капитенот Кирил Лазаров со пет голови беше втор стрелец во нашиот состав зад Жарко Пешевски, кој постигна шест,
- Контролните натпревари служат да видиме до каде сме. Ние сме тука некомплетни. Стручниот штаб виде што може да планира за во иднина. Очекувам сличен настап и на денешниот дуел со Црна Гора.
Македонија денеска на турнирот во Умаг од 19 часот го игра вториот натпревар против селекцијата на Црна Гора.