Свет
12. May 2016 - 14:59

Обновени нападите во Алепо по завршување на примирјето

Сириските владини сили и бунтовниците денеска продолжија со нападите во Алепо, само неколку часа по завршување на времениот прекин на огнот во градот, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Невладината организација, со седиште во Лондон, наведува дека авиони на сириските безбедносни сили ги бомбардирале квартовите Захара и Мајсар, кои се под контрола на бунтовниците, веднаш по истекот на рокот на примирјето, кој заврши на полноќ.

Бунтовниците одговориле на напдот, истрелувајќи три ракети врз квартот Сеиф ад Даула, кој е под контрола на владините сили.

Засега нема информации за евентуални жртви во нападите.